25. години кариера ги прослави со грандиозниот концерт во МОБ, а сега, бидејќи не може без музика, најави концерт на 4. март…
Ѓоко Ѓорчев е една од легендите на македонската музика, но која е сеуште активна…Велиме музика бидејќи го знаеме како изведувач на бројни хит композиции кои често однесуваа и победи од македонските поп фестивали (Макфест, Охридски трубадури, Еврофест…) но и како изведувач на кавер верзии на светски хитови и арии…
Сето тоа присутните можеа да го слушнат во МОБ, а оние кои не беа ќе имаат нова можност…
На 4. март во Дом на АРМ во Скопје Ѓоко Ѓорчев ќе одржи нов концерт со кој нема да одбележи јубилеј туку на неговата публика повторно ќе и пружи можност да уживаат во неговата музика…
„Мислам дека е време за повторна средба со мојата публика. Планот е да ги потсетиме на моите севременски песни и да им понудиме нешто ново што го работев во изминатите 15. месеци. Секако, на репертоарот ќе се моите најголеми хитови, авторските песни, но и неколку кавери…Но, програмата сеуште ја подготвувам а мислам дека е добро да го послушам советот на мој близок кој ми рече ‘Зошто ги пееш тие странски хитови кога имаш толку ТВОИ прекрасни песни’, па се чини дека ќе го послушам“, ни рече Ѓоко Ѓорчев не сакајќи да открива повеќе детали за концертот.
Како и да е, Ѓорчев, сигурни сме, повторно ќе ни приреди вечер за паметење.
Г.О.