(ФОТО) НЕ ФУНКЦИОНИРААТ НАЈДОБРО – Бредли Купер и Ирина Шајк во голема криза: „Единствено поради што се заедно е ќеркичката“

Шушкањата дека глумецот Бредли Купер и Ирина Шајк се во големи љубовни проблеми уште еднаш го потврдил нивен голем пријател и нагласил дека се заедно само поради заедничкото дете.


Иако неодамна со заедничко одење во продавница за домашни предмети се обиделе да ги смират гласините дека се пред прекинување, Ирина Шајк и Бредли Купер повторно се тема на светските таблоиди.
Нивен близок пријател за американскиот портал Page Six ги потврдил нагаѓањата и рекол дека се „на тенок лед“.


„Единствено поради што се сеуште заедно е нивната ќеркичка. Работите не стојат најдобро. Ниту еден од нив не е среќен. Прашање е до кога ќе можат вака“, објаснил изворот кој побарал во медиумите да остане анонимен.



Кризата во нивниот однос дошла до врв набргу откако Бредли го завршил снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ во кој глуми со музичарката Лејди Гага со која многу се зближил. Толку што, со месеци многумина мислеле дека се во тајна врска. До врв дошло кога Гага ненадејно ја прекинала свршувачката со Кристиан Карин.


Руската манекенка Ирина Шајк врската со холивудскиот глумец ја започнала пред четири години. Романсата долго ја држеле во тајност, а потоа пред две години станале родители на девојчето Леа Де Сеин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …