Американската манекенка и инфлуенсерка Оливија Кулпо без причина не ја следат скоро пет милиони луѓе на Инстаграм.
Поранешната Мис Универзум и влијателен моден инфлуенсер, елегантна, модерна и нежна со доволна доза на сексапил, Оливија Кулпо не престанува да ги маѓепсува и’ мажите и’ жените.
Магазинот „Максим“ ја прогласи за најубава жена на светот, а не само мажите, туку и жените се согласија со тој избор.
View this post on Instagram
Оливија е родена во 1992. година на Островот Род Ајленд и е едно од петте деца. За време на школувањето, таа се занимавала и со музика, а во 2010 година станала член на агенцијата за моделинг во Бостон. Нејзиниот татко поседува бројни ресторани, а пред две години Оливија влезе во семејниот бизнис.
Таа е поранешна Мис на универзумот, но и актерка, ријалити sвезда, моден инфлуенсер. Таа се грижи за својата гардероба, а честопати сите ги засенува со елеганција и женственост.
View this post on Instagram
„Мислам дека нема смисла да се даваат премногу пари за гардероба. Ако нешто добро ви стои, можете да купите и поевтина варијанта. Но, затоа секогаш вреди да се даваат повеќе пари за кожна чанта, чевли што ќе придонесат да имате дополнителна самодоверба. Мојата прва торба што ја купив е торбаната торба на Селин, која и денес ја обожавам“, рекла Оливија и додала дека секоја жена треба да има барем еден фустан во својата гардероба во кој ќе се чувствува светски.
Без оглед на возраста, стилот на облекување ја прави жената софистицирана, елегантна и смела дама. Но, се разбира, не заборавајте дека ставот и внатрешниот сексапил играат голема улога во сето ова.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram