(Вознемирувачко ВИДЕО) Затвор за рускиот јутјубер кој ја уби девојката – во живо

Рускиот јутубер Станислав Решетњак беше прогласен за виновен за нанесување тешка телесна повреда на неговата девојка, која подоцна почина за време на преносот во живо.
Окружниот суд во областа Раменски во московскиот регион го прогласи рускиот јутјубер Станислав Решетњак (Рифлеј) за виновен за нанесување тешка телесна повреда на неговата девојка, која подоцна почина за време на преносот во живо, објави денеска портпаролот на регионалното обвинителство.


„Судот го осуди Решетњак на шест години затвор со висок степен на безбедност“, изјавила за ТАС портпаролката Наталија Григорјева.
Да потсетиме, Јутјуберот беше уапсен во декември минатата година по мачното пренесување во живо во кое почина неговата бремена девојка, затоа што неговите гледачи платиле да ја подложи на сурово малтретирање.


Стас Рифлеј, односно Станислав Решетњак, ја принудил Валентина Григоријева да излезе на балконот облечена само во долна облека. Надворешната температура била под нулата. Гледач во живо му платил на 30-годишниот Рифлеј 1.000 долари за да ја злоупотреби Валентина, се наведува во извештајот на „Buzzmedia“ кон крајот на декември по инцидентот.
Во тоа време се сметало дека Валентина (28), која била во рана фаза на бременост, починала од хипотермија, а аутопсијата подоцна покажала дека Валентина починала од „ужасни повреди на главата“, а Рифлеј признал на суд дека ја удрил дента кога таа починала.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот кинематографер Ѓорѓи Клинчаров

Ѓорѓи Клинчаров е роден во Скопје на 12 октомври 1978 година. Тој е македонски оператор …