Основачот и директор на лабораторијата на Бионтек, Угур Сахин, денес изјави дека е „убеден“ во ефикасноста на неговата вакцина, развиена со американската група „Фајзер“ и против „индиската варијанта“ на коронавирусот.
„Иако тестовите се во тек, индиската варијанта има мутации што веќе ги проучивме и против кои работи нашата вакцина“, рекол Сахин на онлајн прес-конференција.
Сахин рекол дека Бионтек ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30. варијанти на вирусот и дека секој пат се добива „доволен имунолошки одговор“.
Варијантата B.1.617, која првпат се појави во Индија, е откриена во уште најмалку 17. земји.
Според Светската здравствена организација, Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија се меѓу земјите каде што е потврдено присуството на оваа варијанта на вирусот.