(ФОТО) НАЈУБАВОТО ДЕВОЈЧЕ НА СВЕТОТ сега изгледа вака: Нејзиниот изглед остави многумина без зборови!

Нејзините родители биле нападнати затоа што ја продале
Тилан Блондо (21), која важеше за најубаво девојче на светот, порасна во многу убава млада жена. Некои дури ја сметаат за една од најубавите на светот.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau)


Таа неодамна беше ѕвезда на модната недела во Милано. Имено, убавата манекенка се појави во улога на модел на ревијата на новата колекција есен/зима на познат бренд, а на пистата претстави аутфит кој ја покажа нејзината витка линија.
Тилан носеше верзија на најголемиот тренд во сезоната – макси тексас здолниште, кое го спои со минијатурен горен дел. Инаку, убавата Французинка се врати во манекенскиот бизнис по повеќе операции поради компликации со цисти на јајниците во 2020 година.


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau)


Фотографиите на новата Кејт Мос, како што тогаш го нарекуваа ова мало девојче, предизвикаа вистинска лавина негативни коментари. Многумина сметаа дека не е соодветно девојче на нејзина возраст да позира на тој начин.

Некои отидоа дури дотаму што модната индустрија ја нарекоа „педофилска“ и ја обвинуваат за кршење на правата на децата, а нејзините родители дека им ја препуштиле на педофилите. Големо внимание привлекла и нејзината мајка, која изјавила дека „кога ги видела била шокирана од фотографиите, но само затоа што дозволиле десетгодишно девојче да носи ланче од повеќе од милион долари“. По немилиот настан Тилан и нејзините родители беа опсипани со коментари со омраза.

This image has an empty alt attribute; its file name is najubavoto-devojce-2.png

Мајката на Тилан не видела ништо проблематично, сметајќи дека на својата ќерка и всадила здрави животни принципи.
Меѓутоа, подоцна, особено во тинејџерските денови, Тилан беше мета на критики поради слабата градба, иако денес изгледа повеќе од одлично.Откако планетарно се прослави, покренала и сопствена модна линија, па денес ужива во плодовите на сцојот успех и заработените 4,3 милиони долари.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau)

Иако насловните страни ги полнеше со своите модни потфати, често се зборуваше за нејзиниот повеќе од бурен љубовен живот, но и за нејзиното однесување како рок ѕвезда, особено на забавите. Убавата манекенка веќе подолго време е во врска со Французинот Бенџамин Атал, а дека таа ужива во љубовта потврдуваат и фотографиите на нејзиниот Инстаграм на кои често објавува слики со својот вереник.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau)

Оваа убава Французинка работи со полно работно време, а во паузите меѓу различните снимања и модни ангажмани сака да посетува и да поминува време на некоја егзотична дестинација. Таа е многу популарна и на Инстаграм каде ја следат преку 6,5 милиони луѓе, а одвреме-навреме ги почестува со предизвикувачки фотографии.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau)

Француската манекенка две години по ред е прогласена за жена со најубаво лице на светот од култната заедница на критичарите на TC Candle.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …