Како можете да го искористите „правилото 2-2-2“ за да ја зацврстите вашата врска или брак? Многу е едноставно

Се сеќавате ли кога последен пат со партнерот излеговте сами, отидовте во ресторан, на кино или на прошетка?
Брачните терапевти и експертите за односи би ви кажале дека квалитетното време со вашиот сопружник може да ја зајакне вашата заедница, семејство, но некако, кога „зафатеноста со животот“ ќе ги собере вашите мисли и време, заедничкото време е првото нешто што изгледа дека паѓа настрана.

Отворањето простор за квалитетно време можеби е поважно отколку што мислите, па зошто да не го пробате правилото 2-2-2?


Што точно е 2-2-2 и како функционира?
Без разлика дали сте младенци кои сакаат да ја зајакнат својата врска или пар кој е заедно со години во надеж дека ќе се поврзе повторно еден со друг, правилото 2-2-2 можеби вреди да се проба. Правилото е: на секои две недели излегувајте навечер, секој втор месец одете некаде за викенд и на секои две години барем една недела бидете сами.

Психоаналитичарот и брачен советник Кимберли Хершенсон за Фокс њуз изјавила дека соработувала со клиенти кои биле пред развод, но кои имале голема корист од вградувањето на правилото 2-2-2 во нивните животи.


Како да го вклучите правилото 2-2-2 во вашата врска
Ноќите за состаноци не мора секогаш да бидат комплицирани. Излегувањето надвор и шетањето, заедничкото подготвување оброк дома може да биде исто толку ефективно. Сепак, не треба да го користите ова време за да разговарате за проблемите:

– Подеднакво е важно да се забавувате и да се опуштите, уживајќи во убав оброк или филм. Заедничкото патување може да биде исто толку вежба за поврзување, колку што е можност да научите работи за вашиот партнер што веќе не сте ги знаеле, а романтичното бегство може да биде токму она што ви треба за да вдишете нов живот во вашиот брак, објаснува Кимберли, пренесува The List.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите …