(ФОТО) Најбрзиот човек на светот и неговата убава партнерка очекуваат дете

Најбрзиот човек на светот, Јамајчанинот Усеин Болт (33) на социјалните мрежи се пофалил со радосна вест, откривајќи дека тој и неговата партнерка Каси Бенет очекуваат дете.
„Доаѓа крал или кралица“, напишала легендата на спринтот објавувајќи слика на трудната Каси.
Радосната вест бргу ја споделила и девојката на Болт на своите профили на социјалните мрежи. Парот е заедно од 2014. година, а Каси Бенет е четири години помлада од Болт.


View this post on Instagram

I just want to say a KING or QUEEN is about to be HERE. @kasi.b


A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on


Болт во текот на кариерата освоил осум златни олимписки медали и уште 11. на светските првенства. Сопственик е на светскиот рекорд на 100 (9.58) и 200 (19.19) метри.

View this post on Instagram

Our golden child ❤️ Coming soon…

A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on

Секогаш говорев дека сакам три деца. Наредниот ден се дружев со пријател кој има три деца и беше лудо. Тогаш се запрашав дали навистина сакам три деца. Но, да, сигурен сум во тоа“, рекол Болт во едно од последните интервјуа за англиските медиуми.

„Научив дека никогаш не е добро време да се има деца“, додал со насмевка. „Никогаш не е добро време. Затоа мораш да се закопаш и да го направиш тоа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …