Била опкружена со оние што ги обожавала
На денешен ден е родена кралицата Елизабета Втора, а да беше уште жива денеска ќе го прославеше својот 97 роденден. По тој повод, на официјалните профили на кралското семејство на социјалните мрежи беа објавени некои пораки во нејзина чест, но онаа што сите ги воодушеви е онаа што ја направи никој друг туку принцезата Кејт Мидлтон.
Официјалниот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс објави фотографија која досега не е видена во јавноста – кралицата Елизабета опкружена со некои од нејзините внуци и правнуци.
Она што многумина ги растажи е тоа што оваа фотографија е направена минатото лето, само неколку недели пред да почине кралицата.
View this post on Instagram
Фотографијата е направена од Кејт, а не е првпат нејзините фотографии да се објавуваат на социјалните мрежи на кралското семејство.
На троседот покрај кралицата се Савана Филипс и Миа Тиндал, која го држи својот брат Лукас.
Зад нив се Лена Тиндал, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, Исла Филипс и принцот Луис.
Зад нив се Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, Ерл од Весекс.
Фотографијата, инаку, е направена во замокот Балморал, Шкотска. Кралицата сакаше да летува таму и членовите на семејството често ја посетуваа за да уживаат во прошетки, излети и игри.
Во овој замок кралицата ги помина последните денови, а последниот здив го издиша на 8 септември минатата година.
Нејзиниот најстар син потоа стана крал Чарлс, а неговото крунисување ќе се случи на 6 мај, што многумина со нетрпение го очекуваат.
Фото: Принтскрин/Instagram