(ФОТО) На плажите во Грција пристигнале првите лежалки со заштита: „Не можеме да ги чекаме препораките на владата!“

Бар на плажа на Санторини стана првиот во Грција што инсталира плексиглас околу своите лежалки за да ги заштити пливачите од коронавирусот.
„Демилмар“ сместена на познатата плажа со црн песок во Периса, ја смислил оваа смела и иновативна идеја за да се осигура дека луѓето навистина можат да одат на плажа ова лето – а истовремено да се чувствуваат и безбедно.


Сопственикот Чарли Чахин за грчките медиуми изјавил: „Треба да најдеме решение за да ги задржиме луѓето безбедни летово. Не можеме да чекаме надлежните да дадат препораки. Треба да делуваме сега“.
Тој рекол дека лежалките, исто така, ќе вклучуват лични заштитни мерки, како што се антисептици, додека „персоналот ќе биде опремен со маски и нараквици“. Барот на плажа на Санторини може да создаде креативен нов тренд што би го следеле и другите низ целата земја.



Бидејќи се очекува правилата за социјално дистанцирање да останат на сила и да не бидат укинати во наредните месеци, земји како Грција размислуваат „надвор од кутијата“ за начини за зајакнување на нивниот туризам во текот на толку тешко време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …