(ВИДЕО) Градоначалникот се заканил:„Нема секс до 31. октомври – тешко на оној што ќе го прекрши ова правило!“

Градоначалникот на сицилијанскиот град Месина, Катено де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки, ги предупредил граѓаните во најновото видео обраќање од неговиот кабинет да ги почитуваат ограничувањата и забраните наметнати во времето на епидемијата на коронавирус.
Тој потсетил дека не е дозволено групно дружење или „романтичен риболов“, што е локален термин за љубовни состаноци.
„Пазете се ако ве најдам како се бакнувате, гушкате, а ниту она другото не е дозволено“, рекол Де Лука.
“Засега,на љубовен план, мора да се држиме до тотална апстиненција. Да бидеме јасни, тешко на оној што го крши правилото за апстиненција. И повторно, до 31. октомври,на снага е тоталнота апстиненција”, бил убедлив.


Во своето последно обраќање, тој конкретно им рекол на граѓаните на Месина дека мора да се воздржат од сексуални односи и дека дури и дома и во кревет морале да држат растојание од најмалку еден метар.


Претходно, Де Лука воведе дронови за контрола дали граѓаните на Месина ја почитуваат забраната за напуштање на куќата.
Беспилотните летала прелетаа не само низ градските улици, туку и селата и шумските патишта, и беа опремени со звучници преку кои градоначалникот налутено им се обраќаше на оние надвор а на кои тоа не им било дозволено.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …