Кога се емитуваше познатата серија „Есмеларда“, улиците во Македонија беа празни. Актерката Летиција Калдерон, која ја доби улогата на главниот лик, беше многу популарна. Во екот на славата доживеала бројни предизвици, а за малку не им попуштала на пороците.
View this post on Instagram
„Бев млада и не се контролирав, а се ми беше достапно. Пари, слава, популарност, па дури и дрога”, изјавила актерката која двапати беше мажена и разведена, а со адвокатот Хуан Колада имаше два сина. Нејзиното дете е родено со Даунов синдром, поради што Летиција извесно време се повлече од јавноста.
View this post on Instagram
Сега има 19 години, а актерката која често објавува слики со него на Инстаграм му го честиташе роденденот на социјалните мрежи: „Љубов… Многу сум горда на тебе. Ќе продолжам да те правам среќен“, напишала познатата Есмералда која тешко поднела кога првпат ја слушнала дијагнозата на нејзиниот син, особено што нејзиниот сопруг веќе имал две деца.
„Тоа значеше дека е моја вина. Тој веќе има две здрави и вистински деца, а јас родив болно дете. Сепак, не знаев што правам погрешно. Не пиев, не пушев за време на бременоста не се нервирав многу, што згрешив што му наштетив на сопственото дете?“, рекла тогаш Летиција, која сега својот син го смета за најголем адут.
View this post on Instagram
„Никогаш не се запрашав „зошто јас“. Благословена сум што имам вакво дете. Сакав да се исполнам како мајка и кога ми се укажа прилика, добив син со Даунов синдром. Тој е највредниот скапоцен камен што го имам во мојот живот“, изјавила актерката која не се променила многу иако поминаа две децении од емитувањето на популарната серија.
Фото: Принтскрин/Instagram