(ФОТО) На Британците им пречат ритуалите на кралското семејство: Принцот Џорџ на удар на јавноста!

„Штета што уште едно дете ќе порасне, мислејќи дека убивањето на животни од забава е нормално”

Британскиот принц Џорџ во јули наполни пет години, а овој викенд бил на својот прв лов на тетреби.
Како што известуваат медиумите, принцот Џорџ во текот на викендот во Шкотска присуствувал на својот инаугурациски лов на тетреби – традиција која ја негува кралското семејство.


Како што пишува “The Sun”, кралицата, наводно, лично го возела својот Range Rover со цел да биде сведок на важниот настан во животот на малиот принц, но веста не наишла на одобрување од страна на корисниците на социјалните мрежи.

Негативните коментари во голем број се појавиле на Твитер, каде некои принцот Вилијам „лицемерен” го нарекле, но изразиле и жалење за малечкиот принц. „Штета што уште едно дете ќе порасне, мислејќи дека убивањето на животни од забава е нормално”, е само еден од мноштвото коментари.

Други пак укажале на лицемерието на ваквите коментари, напоменувајќи дека веројатно и поголемиот дел од тие што критикуваат јадат месо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нова надеж“ – мултимедијален настан на музичката платформа „Терапија“

„Нова надеж“ е наречен мултимедијалниот настан на музичката платформа „Терапија“ што ќе се одржи денес, …