(ВИДЕО) И’ тоа се случува: Бијонсе и Џеј Зи нападнати среде концерт!

На бината се качил пијан маж од првиот ред и почнал да трча кон нив…

Познатата музичка ѕвезда Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи биле нападнати вчера на сцена на концертот во Атланта. Најпознатата музичка двојка била нападната додека го завршувале заедничкиот настап, за време на изведбата на една од музичките нумери кога двојката се свртела со грб кон публиката и тргнала да заминува од сцената.
Во тој момент на бината се качил пијан маж од првиот ред и почнал да трча кон нив. Во ситуацијата побргу се снашле танчерите на сценаа, отколку обезбедувањето на концертот.
Полицијата подоцна го уапсила мажот и соопштила дека станува збор за Ентони Чарлс Томас Максвел, кој бил под дејство на алкохол.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Пет години без нашиот актер Васо Ангелов

Васо Ангелов е роден во 1938 во Ваташа. Уште како ученик во основното училиште а …