(ФОТО) Мусака од стар леб: Однадвор крцка а внатре мека и вкусна

Во кујната нема ништо подобро од тоа кога од ништо ќе направиме некое супер јадење. Така, мусаката од стар леб се прави многу лесно, а после неа не останува ништо од лебот кој сме планирале да го фрлиме.
После овој рецепт сигурни сме дека поретко ќе ја правите онаа стандардна мусака со компири.
Состојки:
500 г. мелено месо
половина стар леб
4 јајца
200 мл. млеко
1 главичка кромид
200 г. кашкавал
1 лажица мешани зачини
масло, сол, црн пипер
Подготовка: во тава на загреано масло пржете го ситно сечканиот кромид. Додајте мелено месо, зчинете со сол и црн пипер. Во намрсена керамичак или земјана тава редете кришки или парчиња леб, цело дно да биде покриено.Нанесете ја смесата со мелено месо, израмнете. Нанесете го преостанатиот леб, да го покриете месото.
Изматете ги јајцата соедн лажица зачин, додјте млеко и полијте ја мусаката.По порвшината нанесете го ренданиот кашкавал.
Мусаката ставете ја во рерна загреана на 200 степени и испечете да добие златно – црвена боја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …