(ВИДЕО) Ја памтите ли Супер бабичката? Знаете ли колку години има денес?


Во дамнешните години имаше серии поради кои улиците остануваа празни…Сите брзаа дома да си ја гледаат омилената серија, а една од нив беше онаа за супербабичката која со своите трикови и чадорот ги „решаваше“ криминалците!
Бабичката чиј заштитен знак беше карираната капа со црвена пуфка ни беше една од омилените работи што ги гледавме на телевизија додека растевме во 90.тите години.

Доколку се’ уште не ви текнува за кого станува збор погледнете го воведот на ТВ-серијата, а тука е и моментот кога супер бабичката ги добива своите моќи кои ги употребува во борба против криминалот.
„Супер бабичка“ се снимала во периодот од 1985. до 1987. година. Вкупно брои две сезони од по 13. епизоди + божиќните бонус епизоди. Секоја епизода трае 30. минути, а серијата е направена според книгите на авторот Форест Вилсон.


Верувале или не, главната актерка која го портретираше ликот на супер бабичката е се’ уште жива. Нејзиното име е Гудрун Уре, родена е на 12. март, 1926. година во Шкотска, а глумела до 2009. година.


Таа денес има 91 година, а едно од последните интервјуа го дала во 2006. година. Објавено е 10. години подоцна, во 2016. година. Како што може да погледнете, таа и покрај возраста изгледа одлично:


Дали и вие, како помалечки, ја гледавте супер бабичката?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …