(ФОТО) Можеби нема да добие два Оскари но ќе има свадба од пет милиони долари!

Поп пејачката Лејди Гага неодамна на доделувањето на наградите „Women in Hollywod” на списанието „Elle“ потврдила дека се свршила.
Откако латино дивата Џенифер Лопез и ја врачи наградата Лејди Гага од бината на сите им упатила благодарница.


„Им благодарам на моите сакани лица. Ги сакам сите на масата број 5. Мојот свршеник Кристијан и сите кои се грижат за мене“, рекла Гага.
Пејачката и Кристијан Карина врската ја започнале во февруари 2017.година, а сега планираат луксузна и скапоцена венчавка во Венеција.

Како што објаснил пријател близок до пејачката, двојката ќе повика некои од најпознатите имиња на Холивуд а свадбата ќе чини 5. милиони долари.
„Тоа ќе биде венчавка на деценијата“, изјавил изворот.
Гага сакала се’ да биде екстравагантно но и многу софистицирано и отмено. Тема на венчавката ќе биде холивудскиот гламур.

Венчаницата која наводно Гага планира да ја носи ја дизајнирала лично Донатела Версачи.
На списокот на званиците се наоѓаат имиња на многу пријатели и бивши деловни партнери на Гага, агенти за таленти, како и Џон Леџенд и Криси Тајген, Тејлор Свифт, Кејт Хадсон, Кели озборн, Стиви Вондер, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Хари Стајлс. На венчавката исто така ќе биде и Бредли Купер со кого Гага играше во филмот „Ѕвездата е родена“ и кој е воедно режисер на истиот. А, каде е Бредли Купер тука е и Ирина Шајк.

Холивудските познавачи тврдат дека Лејги Гага може во една ноќ да добие два Оскари. Еден за главна улога во филмот „Ѕвездата е родена“,а вториот за најоригинална песна „Shallow“ за истоимениот филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …