(ФОТО) МНОГУ СЕ ПРОМЕНИЛ: Зад густата брада и изгубениот поглед се крие еден од најголемите миленици на жените на сите времиња!

Харисон Форд со сопругата Калиста Флокхарт и пријатели излегол на вечера…


Харисон Форд, една од живите легенди на Холивуд неодамна го прославил 77. роденден и не се појавува често во јавност, меѓутоа овие денови е виден во вечерно излегување со 22. години помладата сопруга Калиста Флокхарт, децата и пријатели.

Харисон со годините се променил, пуштил долга коса и брада, на кои обожавателите не се навикнати да го видат, а неговиот поглед изгледал по малку изгубено и збунето.


 



Харисон и Калиста во брак се 9. години, а заедно се од доделувањето на Златниот глобус во 2002. година. Родители се на 18. годишниот син Лијам, кого Калиста го усвоила една година пред да ја започнат врската, а Харисон од бракот со првата сопруга Мери Маркгоут ја има денес 50. годишната ќерка Вилард. Во бракот со Мелиса Метјусон кој траел од 1983. до 2001. година го добил денес 31. годишниот син Малколм и 28. годишната ќерка Џорџија.


Иако многумина би помислиле дека се подготвува за пензија, би се измамиле бидејќи глумецот моментално се подготвува за култната улога на археолог и авантурист, Индијана Џонс, и долгоочекуваото петто продолжување на популарниот серијал лија дата за премиера не е закажана.


Освен улогата на Индијана Џонс, каирерата на Харисон Форд ја одбележала и онаа на Хан Соло од серијалот филмови „Војни на ѕвездите“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …