(ФОТО) Многу Австралијци вчера излегоа на гласање во костими за капење, причината е интересна

Стотици Австралијци на вчерашните избори излегоа на гласање само во костими за капење, а причина за тоа е повикот на брендот Budgy Smuggler да го остварат своето уставно право, но без да носат панталони, а како компензација ќе добијат копија од нивните производи.
Австралискиот бренд за костими за капење Budgy Smuggler започна кампања на социјалните мрежи претходно оваа недела, охрабрувајќи ги луѓето „да го искористат своето уставно право да гласаат без панталони“.
Компанијата понудила бесплатен костим за капење на секој што гласа без облека и објави фотографија со хаштаг #SmugglersDecide.
Граѓаните со необична иницијатива успеаја да најдат начин да внесат малку забава на еден инаку прилично процедурален настан.
По објавувањето на повикот, стотици Австралијци се јавија и позираа на гласачките места оскудно облечени.


Сопственикот на Budgy Smugler, Адам Линфорт, изјави за News.co.au: „Мислевме дека можеби еден или двајца луѓе ќе го направат тоа, но се покажа дека се вклучени стотици“.
Љубителите на костими за капење се одзваа на повикот и покрај студеното време и дождливите услови кои во саботата го зафатија поголемиот дел од земјата.
Budgy Smuggler потврдил дека сите оние кои ги објавиле фотографиите ќе добијат ваучери за костими за капење кои ќе им бидат испратени во понеделник.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 хороскопски знаци на удар на ретроградниот Марс: Од Нова година почнува трансформацијата на животот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …