(ФОТО) Поранешната прва дама на Франција, манекенката, Карла Бруни со гламурозното издание на црвениот тепих во Кан истакнала завидната фигура

Карла Бруни го привлекла вниманието со појавувањето на премиерата на „Triangle Of Sadness“ во саботата за време на Канскиот филмски фестивал.
Италијанско-француската пејачка и поранешна француска прва дама се погрижила сите погледи да бидат вперени во неа додека чекореше по црвениот тепих во фустан во боја на јоргован со светки.
Нејзиниот блескав фустан на Celine by Hedi Slimane го надополнила со ѓердан со розови и сини скапоцени камења и сребрена нараквица.

Карла ги чувала своите „ситници“ во сребрена клач торба кога пристигна на проекцијата на најновиот филм на шведскиот режисер Рубен Остлунд.
54-годишната манекенка, која е во брак со поранешниот француски претседател и политичар Никола Саркози, покажала завидна фигура со која им пркоси на нејзините години.



Режисерот Рубен Остлунд годинава се врати во Кан со филмот „Триаголник на тагата“ со Харис Дикинсон, Чарлби Дин и Вуди Харелсон во главните улоги.
Темната комедија се фокусира на познат пар манекенки (Дикинсон и Дин) кои се поканети на луксузно крстарење за супер богатите.
Откако Кан беше целосно откажан во 2020. година и одржан под строги здравствени протоколи во 2021. година, црвениот тепих се врати на својот гламур во вторникот вечерта на церемонијата на отворање.

Голем број ѕвезди на TikTok, исто така, ќе се појават на црвениот тепих оваа година, откако организаторите се обидоа да го освежат својот имиџ со здружување со платформата за видео стриминг, која ја спонзорира наградата за краток филм.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …