(ФОТО) Минатата година доживеале трагедија: Ќерката на Роналд и Георгина била на итна операција

Како што вчера објавија странските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез биле во болница во Ријад, каде што биле тајно снимени од присутните, иако тоа бил многу тежок момент за родителите на девојчето.
Двојката била во болница за операција на нивната ќерка, која наводно била на операција на слепото црево (апендектомија).

Порталот First Sportz пишува дека операцијата поминала добро и дека девојчето се опоравува, но родителите сакале да бидат со неа секој момент кога е можно.
Сè уште не е познато која од ќерките на Роналдо е хоспитализирана, а двојката има три ќерки – Ева, Алана Мартина и Бела Есмералда, а ги имаат и синовите Матео и Кристијан Јуниор. Од нив, само Алана и Бела се биолошки деца на Георгина, но таа се грижи и за другите, а фудбалерот и таа ги воспитуваат заедно.
Минатата година парот загуби едно дете, кога по близначка бременост се роди само Бела Есмералда, додека нејзиниот брат Ангел не преживеа. Роналдо и Георгина разговарале за загубата на бебето, а убавицата во својата документарна серија „Јас сум Георгина“ открила дека пред тоа имала три спонтани абортуси.
„Многу се плашев на секој ултразвучен преглед пред раѓањето на близнаците, бев напната бидејќи веќе имав доживеано три спонтани абортуси и се враќав дома распарчена“, вели таа.
Георгина тогаш изјавила дека Роналдо и таа немале срце да им кажат на децата дека го изгубиле својот брат.
„Бидејќи сè уште имав стомак, им реков дека Ангел уште чека да се роди“, низ солзи изјавила Георгина.
„Се додека Кристијано не им кажа дека Ангел е во рајот. Тоа беше влијанието на реалноста“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …