Се шпекулираше дека Словенката само чека погоден момент да го напушти, но сепак се чини дека сè е само шпекулација и неосновани озборувања.
Имено, припадниците на седмата сила пишуваат дека првата дама има „пеколен план“, кој вклучува развод со Доналд Трамп, со кого е во брак шеснаесет години. Клопчето започна да се одмотува, а гласините ги започна изјавата на блискиот соработник на Меланија, која укажува на развод на Меланија и Доналд Трамп.
„Меланија брои минути додека не ја напушти Белата куќа и се разведе од Доналд“, изјавила Мароса Њуман, поранешна блиска соработничка на првата дама.
„Ако Меланија се обидеше да го посрамоти и да го остави додека беше претседател, тој ќе најдеше начин да ја казни“, изјавила соработничката на Меланија за Mirror во тоа време.
Сепак, Доналд Трамп излезе од Белата куќа држејќи ја раката на својата сопруга. Двајцата никогаш не ги коментираа шпекулациите за развод, а сега следеше уште еден гест што укажува дека разводот на Меланија Трамп засега е само „шпекулација“.
Имено, Меланија Трамп, која светските медиуми не ја оставаат на мир, откако нејзиниот сопруг ги загуби претседателските избори, денес објави фотографија, која многумина ја сфаќаат како негирање на сите шпекулации за разводот.
На својот официјален профил на „Твитер“, Меланија објави фотографија од венчавката. Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави го означила сопругот Доналд Трамп во соопштението и му ја честитала годишнината од бракот.
❤ Happy Anniversary! 💋 @MELANIATRUMP @realDonaldTrump pic.twitter.com/6MG3FJm50b
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 22, 2014
„Среќна годишнина на бракот“, напишала таа.
На фотографијата направена на 22. јануари на Флорида, Меланија изгледа посреќно од кога било. По тој повод, таа носела прекрасна „сирена’ венчаница со потпис на модната куќа „Диор“ и својот сопруг го гледа со заљубен поглед, не ни замислувајќи дека шеснаесет години подоцна за нивниот развод, ќе се пишува како водечка тема на медиумите од целиот свет.
Фото: Тwitter.com/Instagram