(ФОТО) Меланиа Трамп конечно се вратила и блеснала во голем стил!

После 26. дена отсуство Меланиа Трамп конечно решила да се врати во голем стил. Откако, после ненадејната операција на бубрезите, американската прва дама се повлекла од јавноста, никој не знаел каде е и што се случува со неа, се’ додека три недели подоцна не е снимена на настан во Белата куќа, а сега конечно истапила во јавност и им ја затворила устата на злобните јазици…

Откако од Белата куќа било објавено соопштение дека Меланиа Трамп била во болница поради емобилизација на доброчуден тумор на бубрезите и дека операцијата минала добро минале 26. дена а јавноста ниту ја слушнала ниту ја видела првата дама, а почнале да кружат и разни теории на завера бидејќи имало соменевање дека зад нејзините објави на Твитер се крие американскиот претседател.
Првиот доказ дека со неа е се во ред и дека нема места за непотребни нагаѓања на јавноста и дала пред два дена кога еден од гостите успеал да ја сними на вечерата Gold Star во Белата куќа, организирана за
семејствата на војниците загинати во борби, но сеуште не било јасно зошто не се појавува во јавност, а откажала и две службени патувања на кои требало да биде придружба на претседателот Трамп. Нејзината гласноговорничка тврдела дека е прашање на денови кога ќе се појави во јавност и била во право.


Првата дама на Америка се појавила во друштво на претседателот Трамп на брифингот за ураганите во седиштето на Сојузната управа за итни интервенции во Вашингтон, а нејзиниот стајлинг и овојпат бил беспрекорен, па се чинело дека убавата Словенка никогаш не отсуствувала. Иако некое време биа отсутна од медиумите своето враќање го сфатила многу сериозно барем кога станува збор за изборот на облеката.


Аутфитот на Меланија вриска „еве ме назад“, благодарение на нејзиниот заштитен знак – елегантен балонер со „А“ крој, стегнат со каиш во струкот, кој првата дама обожува да го носи закопчан во стил на фустан. Станува збор за беж балонер во сафари стил кој го потпишива модната куќа Céline, а наместо омилените лоботинки овојпат се одлучила за штикли од кожа на питон со потпис на одната куќа Џими Чо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …