Дневен хороскоп за петок (08.06.2018):Не чувајте ништо за специјални прилики – животот е специјална прилика!

Сонцето во квадрат со Нептун денешниот петок го претвора во ден кој е имагинарен, сонувачки…Сонцето му годи на Нептун, иако станува збор за квадрат!Сепак, омамен со енергијата на Нептун кој е главен причинител на денешната разнишана реалност, Сонцето потпаѓа под владеење на Нептун, и таквата енергија може да донесе со себе и колебливост, многу сомневања, нерасположение. Секако, имате опција да се препуштите на светот на фантазиите и така да избегате од се што ви ги потиснува мислите, за што повторно е задолжен Нептун како главен играч, овој петок.
Изборот е на Вас.

Овен
Делувате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Меѓутоа, вашиот успех зависи од нечие влијание. Нема причина да се однесувате наметливо во друштво на лице кое има строги деловни критериуми.
Се наоѓате во морална дилема. Подобро е предноста да му ја препуштите на партнерот. Прифатете ги реалните решенија или достигнувачките можности.
Добро се чувствувате.


Бик
Ве очекуваат некои интересни средби и затоа обрнете внимание на впечатокот кој го оставате во друштво на деловните партнери. Направете се’ што е потребно да ги споите личното задоволство со практичните аспекти.
Доколку сте слободни закажете љубовна средба. Доволно сте инспирирани да привлечете нечие емотивно внимание и да предизвикте позитивна реакција.
Спијте повеќе.

Близнаци
Доколку некој ве наговара на деловен предизвик или на заедничка авантура, добро размислете за можните последици. Некој може да ги разоткрие вашите тајни планови и затоа не бидете наивни и бзоплети.
Во своите љубовни очекувања одите чекор пред партнерот. Вашата нетрпеливост делува збунувачки на саканото лице.
Бидете внимателни во сообраќајот.


Рак
Одбегнувајте брзоплетост или нескромност во средбата со соработниците. Потребна ви е нивна наклонетост. Ве очекува успех со паричните размени.
Ви се допаѓа она што е недостижно или лице до кое не допира вашиот глас. Размислете кому треба да му упатите љубовен повик.
Земајте повеќе течности.

Лав
Некој ги ремети вашите деловни палнови и ги игнорира забелешките кои ги имате. Сепак, немојте да дозволите лошото искуство во вас да поттикне ниски страсти или желба за деловно ривалство.
Ќе ви годат различни средби и емотивни контакти. За среќа, има лице кое умее да ви угоди и да ви приушти соодветен третман.
Проверете ја крвната слика.


Девица
Добро проценете ги своите деловни можности и граници кои не треба да ги преминете. Нема потреба да се изложувате на голем напор или да се спротивставите на лице кое има големо деловно влијание.
Ве очекува задоволство во средбата со саканото лице. Топлите емоции секогаш делуваат инспиративно и лековито.
Добро се чувствувате.

Терезија
Ве очекуваат ненадејни компликации од деловна природа, но тоа не треба битно да влијае на вашата концентрација. Сочувајте ги позитивната ориентација и убави мисли.Сите проблеми се решаваат порано или подоцна.
Планирајте средба со блиски пријатели и некоја омилена забава. Важно е да почувствувате емотивна топлина, во нечие друштво.
Нервозни сте.

Скорпија
Некој на индиректен начин сака да ви стави до знаење дека секоја услуга делува обврзувачка и дека има своја повратна цена. Ви претстои мал губиток или разочарување кое треба да ги прифатите како нова лекција за правилата на деловното однесување.
Ќе ви годи средба со блиско лице и емотивно внимание. Направете се’ што е потребно да го остварите зедничкото задоволство.
Хронични тегоби.

Стрелец
Доколку сте доволно снаодливи или пробивни, ве очекуваат повеќекратни резултати. На својата околина покажете и дека поседувате различни способности и дека вашата улога е незаменлива во деловните договори.
Употребете ги својот шарм и заводничките манири во онаа мерка колку е неопходно. Одговорете на нечиј повик или љубовна порака.
Ќе ви годи повеќе здрав сон.

Јарец
Секој има свој рок на траење и своја употребна вредност.Вие упорно инсистирате на работи кои се одамна надминати во деловните кругови.
Сте занемариле договор кој имате со блиско лице. Партнерот се обидува да ве расположи и да не наведе на добар избор.
Подобрете ја својата психо-физичка кондиција.

Водолија
Обрнете внимание на различни информации кои имаат корисно значење за да во потполност ги остварите своите деловни дели. Нема причина да претерувате во своите барања пред соработниците.
Своето внимание посветете го на некоја омилена тема или лице кое ве инспирира на позитивно расположение. Уживајте во убавите работи и друштвото.
Бидете умерени во се.

Риби
Обрнете внимание на различни детали или на некои скриени пораки. Потребно е да ги разликувате значењата на одредени информации во деловните преговори.
Одбегнувајте емотивно ривалство или натпреварувачки улоги во односот со блиско лице. Немојте да го форсирате љубовното темпо.
Добро се чувствувате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …