Меган седела во празниот дел од ВИП ложата со две пријателки, а зад нив седеле членовите на обезбедувањето и нејзината ПР агентка…
Присуството на војвотката Меган Маркл на тенискиот дуел меѓу Серена Вилијамс и Јулија Георгес на Вимблдон, за нејзините обожаватели и светските медиуми, значел вистински спектакл. Но, за останатите ВИП гости не било некое воодушевување.
Безбедносната служба на престижниот тениски турнир во ВИП ложата забранила фотографирање на војвотката поради нејзинта „приватност“, што предизвикало нервоза, револт и негодување кај останатите гости во ВИП ложата.
Една од ВИП гостинките на Вимблдон била и 64. годишната спортска новинарка Сели Џонс. Додека таа се обидувала да ја фотографира Серена Вилијамс во игра, кон неа пришол член од обезбедувањето и ја предупредил да го прибере фотоапаратот, покажувајќи на војвотката и додавајќи дека не смее да се фотографира.
„Војвотката не ја ни видов дека е тука сè додека тој не ми ја покажа“, изјавила новинарката.
„Стотици луѓе фотографираа, а јас го прашав дали размислил да поразговара со камерманите кои го снимаа мечот. Изгледаше дека му е непријатно“, додала Сели.
Меган седела во празниот дел од ВИП ложата со две пријателки, а зад нив седеле членовите на обезбедувањето и нејзината ПР агентка. Приватност преку безбедносните служби Меган побарала на тениски дуел со 12.000 посетители и повеќе од еден милион гледачи пред малите екрани. Поради 40.те празни места кои „ѝ биле потребни за воздух“ оставила 40 гости во ходникот од ВИП ложата, без можност да уживаат во тенискиот дуел.
За разлика од неа, многу поскромната друга кралска снаа, војвотката Кејт Мидлтон, при нејзината посета на Вимблдон седеше меѓу луѓето, без пропидружни помпезности и суетни барања и услови, а се прошета и до споредните терени…