(ВИДЕО+ФОТО) Вин Дизел објавил кои актери ќе се дел од „Брзи и фуриозни 9“

Заштитното лице на серијалот „Брзи и фуриозни“, Вин Дизел на неговиот профил на Инстаграм открил многу детали за претстојното, деветто, пртодолжување…
Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат своите улоги во „Брзи и фуриозни 9“, објави на Инстаграм глумецот Вин Дизел, главниот протагонист од претходните осум дела од приказната.
И двете се појавија во осмиот филм од серијалот пред две години – Терон како главната негативка, кибертерористката Сајфер, а Мирен како мајката на ликот на Џејсон Стејтам, терорист кој „премина на праведната страна“.


Двејн Џонсон и Стетам, односно „Хобс и Шо“, „се одметнаа“ од тимот и снимија свое спин-оф продолжение на сагата, па најверојатно нема да ги видиме во „Брзи и фуриозни 9“. Ликот на Мирен – Магделен Шо е дел и од „Хобс и Шо“.
Деветтиот филм од серијалот „Брзи и фуриозни“ својата премиера ќе ја има во мај 2020 година, а актерите го започнаа снимањето…

Дали и сер Мајкл Кејн ќе биде дел од „Брзи и фуриозни 9“

Погледнете дел од актерите на „Брзи и фуриозни 9“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …