(ФОТО) Меган Маркл повторно провоцира: Се дотерала за посета на засолниште за животни

Не е тајна дека Меган Маркл е голема љубителка на животните па и не чуди што пред заминувањето во Канада го посетила засолништето за животни, Mayhew, што денес го открила на својата и страната на Хари на Инстаграм.

За таа пригода Меган облекла шик тегет капут со каиш во струкот кој го потпишува брендот Масимо Дути, а под него ѕиркала класична сино – бела кошула на линии.


View this post on Instagram


Earlier this month, The Duchess of Sussex popped in to see the amazing people at Mayhew to hear about the incredible progress made throughout the festive period. The Duchess of Sussex, having been proud patron of Mayhew since January 2019 and long understanding the connection between animal and community welfare, applauds the people at Mayhew for the vital work that they do every day. From cats and dogs who have found new homes to animal welfare cases handled in the community – @TheMayhew believes in the power of togetherness and the special bond between humans and animals. Image © SussexRoyal

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on


Капутите кои се врзуваат во струкот се едни од најелегантните парчиња кои можете да ги поседувате во зимските месеци, а уште се и универзални, што ги прави уште попривлечни. Исто така, никогаш не излегуваат од мода, а моделот во темно сина (тегет) боја, или некоја друга неутрална боја е најсигурна инвестиција бидејќи може да се носи со години.

И’, додека Хари на службената страница на нивниот службен кралски Инстаграм профил ‘sussexroyal’ веќе се огласил кога ги најавил своите шести „Инвиктус игри“, Меган исто така се јавила преку тој профил, а стручњаците велат – промислено.
Бившата глумица споделила неколку фотографии од обиколката на лондонското засолниште за животни кое го посетила порано овој месец, пред да предизвика бурни реакции со напуштање на позициите од кралското смеејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МКЦ ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Востание“

Денес, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 18:30 часот, по осми пат …