Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург е победник на годинашниот натпревар за „Mrs. Universal Classic“, што се одржало во Бугарија.
Оваа 43.годишна мајка на четири деца победила на натпреварот меѓу 36. конкуренти.
Ксенија минатата година победила на натпреварот„ Mrs. St. Peterburg Classic“,со што се квалификувала да ја претставува својата земја во последната фаза од натпреварот, што се одржа од 19. јануари до 21. јануари.
За нејзиниот настап носела руска народна носија, а со својот талент испеала и песна на шпански јазик.
Услов за натпреварување на овој избор за убавина е жените да бидат во брак, да имаат кариера и да имаат најмалку 40. години.
Ксенија работи како акушер-гинеколог во својата локална болница. Таа има четири деца, три ќерки и еден син. Страст и е танцот, огромен обожавател е на танго, а нејзин сон е еден ден да танцува во Буенос Аирес.