(ФОТО) Меган Маркл оди на одмор во Америка – но без сопругот!

Осум месеци после вселувањето во британската метропола Меган Маркл планира да ги посети пријателите и семејството во Америка. Но, овојпат на одморот нема да и се придружи нејзиниот сопруг, принцот Хари, па многумина сметаат дека убавата војвотка оди да ги „среди“ семејните несогласувања…


После низата обврски и ангажмани кои војвотката ги одработила во Лондон и ширум Обединетото кралство, војвотката Меган Маркл наскоро се подготвува на покус годишен одмор во текот на кој ќе ги посети своите сакани во Америка.
Меган, како што тврдат странските медиуми, наскоро би можела да отпатува во родниот Лос Ангелес за да некое време мине со мајката Дорија Рагланд која последен пат ја видела во мај на венчавката со принцот Хари.


Освен тоа, ова ќе биде извонредна прилика 26. годишната Американка да се дружи со пријателите кои не ги видела неколку месеци или години поради деловните обврски.
„Таа ова лето планира неслужбена посета на пријателите и семејството. Ќе го посети Њујорк, а потоа и Лос Ангелес“, рекол за Us Weekly неименуван извор близок до војвотката.
Истиот извор додава дека Меган сака да се врати во татковината пред да стане мајка и пред прекуокеанските летови да и станат пренапорни, а исто така сакала да ја искористи оваа ситуација да ги „измазни“ односите со таткото кој со неа се „препукува“ преку медиумите.


Да потсетиме, Томас Маркл неодамна изјавил дека ја жали својата ќерка и дека смета дека е несреќна во кралското семејство. Во исто време ја преколнувал да му се јави мислејќи дека наскоро ќе умре поради здравствените проблеми со срцето.

Летото е идеално време убавата Меган да ги посети семејството и пријателите бидејќи веќе во октомври ја очекуваат нови кралски обврски. Со сопругот Хари ќе оди на службена турнеја по Австралија, Нов Зеланд и околните острови во рамкиите на Invictus Games.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …