(ФОТО) Меган Маркл конечно проговорила за бременоста: Војвотката од Сасекс открила како се чувствува!

Секој нивен чекор на 16. дневната турнеја по Австралија се следи внимателно…
Австралиската турнеја и распоредот за Меган Маркл и принцот Хари станува се’ „понабиен“, но и двајцата сите свои обврски ги извршуваат со насмевка на лицето, не сакајќи да покажат дека им е се, поради временската разлика, напорно.
Замор не покажува ниту бремената војвотка од Сасекс, која токму во Австралија среќната вест ја споделила со јавноста.


Секој нивен чекор на 16. дневната австралиска турнеја се следи внимателно, особено откако се дознало дека војвотката од Сасекс е бремена. Во текот на четвртиот ден на турнејата, Меган Маркл и принцот Хари престојувале на познатата плажа Бонди, а токму таму открила и детали за својата бременост.
Сето тоа го раскажала на друга трудница, 35. годишната Шарлот Конел, која со тоа се пофалиле во медиумите.


„Ми рече дека за неа бременоста е како сето време да е под влијание на џет летот. Признала дека утрото се разбудила во 04.30 часот и дека, бидејќи повеќе не можела да заспие, вежбала јога“.
Јогата за Меган маркл и инаку не е непознаница, со оглед на тоа дека нејзината мајка, Дорија Рагланд, е инструкторка по јога во Лос Ангелес и дека токму таа и ја пренела љубовта кон истото.


„Мојата мајка е инструкторка по јога и со неа почнав да вежбам со само седум години. Иако на почетокот се спротивставував на тоа, на факултет редовно почнав да практикувам јога“, изјавила Меган Маркл за „Best Health Magazine“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …