(ВИДЕО) Скоро еден милион гледачи за три дена: Филмот за свештениците е поголем хит од „50. нијанси сива“

Скоро еден милион луѓе побрзале во полските кино сали, последните три дена, за да го гледаат филмот кој католичките свештеници не ги прикажува во убаво светло, објавил дистрибутерот на филмот.
„Клер“ е црна драма за тројца свештеници кои пијат, финансиски ги искористуваат верниците и се исмејуваат со црквата. Еден од нив сексуално злоставува слепо дете.
Филмот за само три дена го погледнале 935.000 луѓе.


„Ова е најдобро остварување во последните 30. години во полските кина. Филмот го гледале сто илјади повеќе луѓе отколку ’50. нијанси сива’, во истиот период“, објавил дистрибутерот „Kino Swiat“.
Филмот на режисерот Војчиш Сварзовски предизвикал големи полемики во Полска.
Неколку членови на владеачката партија „Право и правда“ (ПИП) повикале филмот да се
забрани. Член на канцеларијата на полскиот претседател, Павел Солох, не го гледал филмот, но тоа не го спречило да изјави дека е снимен онака како што „нацистите снимале филмови за Евреите“.
Јан Бодаковски, член на здружението на католичките новинари, „Клер“ го нарекол „тешка
антисвештеничка пропаганда“.
Филмскиот критичар Јануш Вроблевски рекол дека ниту еден режисер пред Сварзовски не се осмелил да прикаже така критичка слика на Црквата во Полска.
Сварзовски „ги осудува сите главни црковни гревови кон педофилијата, проневерите и општо деморализираната хиерархија“, додал Вроблевски.
Иако бројот на верниците опаѓа, Полска и понатаму е една од најрелигиозните европски земји, во која Црквата има големо општествено и политичко влијание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …