Меган Маркл отсекогаш имала вкус…
Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен поло натпревар за да им помогнат на локалните организации.
Војвотката изгледаше како вистинска дама облечена во интересна комбинација на облека, елегантна, но во исто време и адекватна за секојдневен, летен настан.
View this post on Instagram
Меган носеше бел, широк шорц и црна блуза со точки. Изгледа дека била инспирирана од холивудскиот гламур, па додала шапка со голем обод, црвен кармин и големи црни очила за сонце.
Двојката беше исклучително среќна, тимот на Хари победи, а Меган гордо му врачи трофеј и убав бакнеж на својот сопруг.
View this post on Instagram
Меган и Хари наскоро повторно ќе патуваат во Велика Британија за да присуствуваат на јубилејот на кралицата Елизабета.
Фото: Принтскрин/Instagram