(ФОТО) „Меган ќе ја преобрази монархијата!“

„Принцот Хари и Меган Маркле ќе станат моќен активистички пар кој ќе ја редефинира британската монархија за новите генерации“ тврди биографот на идната принцеза, Ендрју Мортон.
Бившата американска глумица ќе биде дел од „фантастичната четворка“ од помладите генерации во срцето на кралското семејство и има свои идеи за тоа како таа институција може да се промени, рекол Мортон во интервју за AFP.
Принцот Хари,петти во наследниот ред до тронот, и Меган Маркле ќе се венчаат во Виндзор на 19. мај.
„Меган и Хари ќе бидат моќен пар. Заедно можат да донест промени“ смета Мортон, чија неавторизирана биографија „Меган:Холивудска прнцеза“ ќе се појави овој месец.
„Ќе бидат многу пактивни отколку претходните парови во кралското семејство“ вели Мортон, кој извршил обемни истржувања за да ја напише својата книга.
Тој предвидува дека принцот Вилијам кој ќе ја наследи круната оа таткото Чарлс, и неговата сопруга Кејт ќе бидат домашно лице на монархијата, а Хари и Меган она надворешно, особено на подрачјето на Комонвелтот.
„Многу сериозни луѓе мислат дек монархијата драстично ќе се промени.А нејзиниот облик и стил ќе го дефинираат Вилијам, Хари,Кејт и Меган. Значи, Меган ќе биде важен дел од оваа четворка“ објаснува биографот.
Во книгата Мортон цитира пријателка од детството која тврди дека Макле отсекогаш била фасцинирана со кралското семејство и дека сакала да стане „принцезата Дијана 2“. Мортон објаснува дека помеѓу срамежливата Дијана, која имала 20. години кога се омажила за Чарлс, и 36. годишната холивудска глумица нема сличности.
Маркле е фокусирана, амбициозна, формирана личност, успешна глумица, блогерка и портпаролка на ОН за рамноправност на половите.
„Многу е смирена, елоквентна, грижлива“ вели Мортон. Тој додава дека Меган ќе мора да го сузбие својот активизам бидејќи се придружува на аполитичкото кралско семејство, но дека „таа точно знае во што се впушта“.
„Да се биде дел од монархијата не е спринт туку маратон. Таа е свесна за тоа“ рекол Мортон. Тој тврди и дека динамиката помеѓу Хари и Меган е радикално поинаква отколку во поранешните врски на принцот.
„Хари сфатил дека во неа нашол поддршка.Сфатил дека му помогнува да биде маж каков што отсекогаш сакал да биде“ вели Мортон и додава дека извори од платата му рекле дека Хари, кој со години тешко се соочувал со смртта на мајката, во детството, потполно е „опиен“ со својата идна сопруга.
Бидејќи е високо во наследниот ред за британската круна, на Хари му било потребно одобрување од неговата баба – кралицата Елизбета Втора,за да стапи во брак.
„Пред неколку години кога Хари беше пијаница кој се тетеравеше излегувајќи од клубовите, кралицата со други очила би гледала на идејата да се ожени со ѕвездена американска глумица“ рекол Мортон. Но, околу тоа сега немало проблем.
Меган од 2011. д 2013. година била мажена за холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Годишната изложба“ на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија ве поканува на отворањето на „Годишната изложба“ на ДЛУМ …