FUNK SHUI ќе го промовираат своето прво издание „Импулс“!

Промоцијата на првото издание на FUNK SHUI со наслов „Импулс”ќе се одржи на 25-ти април, во Станица 26.
На промоцијата, Лука, Давид и Мики во живо ќе ги изведат новите два сингла- „Стаклени нозе” и „Виулица / Сомнежи?” кои се дел од новиот албум на FUNK SHUI кој е во подготовка и треба да излезе годинава, како и музика од нивните претходни изданија.
FUNK SHUI е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред осум години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца млади генијалци кои создаваат своја лична авторска музика.
Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите на Авалон Продукција, медиумите, како и мал број на фанови на FUNK SHUI.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Којзнае зошто?“ вечерва во Дом на млади во Штип

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Домот на млади во Штип, ќе биде изведена …