(ФОТО) Манекенка зборувала дека короната е измислица па завршила на респиратор: „Баш сум глупава!“

БРИТАНСКАТА манекенка Холи Мекгваер призна дека речиси двапати починала откако се заразила со коронавирусот и дека лекарите и дале само 15. проценти шанса да преживее кога ја поврзале со респиратор.
Холи претходно на Интернет напишала дека короната е измислена и ги повикала луѓето против вакцинација.
„Бев антиваксер, не сакав да се вакцинирам, но сега сум убедена дека ковид-вирусот е вистински“, рекла таа за „Mirror“.
Таа признала дека одбила да верува дека има корона додека не завршила во болница, каде поминала повеќе од три недели, од кои две биле во кома на апарат за дишење.

„Мојот сопруг беше подготвен за најлошото. Ја повикал мајка ми и плачејќи и велел дека мисли дека нема да успеам”.
„Многу од моите пријатели беа антиваксери, тие се залагаа против вакцините, а јас ги слушав. Тие рекоа дека со години нема да знаеме дали вакцината е сигурна, а гледајќи ги вестите од дома, владата не ме убеди во спротивното “.


View this post on Instagram

A post shared by HollyMcguire (@officialhollymcguire)


„Сега навистина се каам. Бев глупава. Откако се заразив, беше ужасно, ме погоди како камион. Само вакцинирајте што е можно поскоро”, рекла таа.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …