(ФОТО) МАЛЕЧОК ЈУНАК: Момче, од пожар, прво ја спасило сестрата а потоа и останатите членови од семејството

Во опасна ситуација, повеќето возрасни се тие кои реагираат брзо и се обидуваат да ги спасат сите во домаќинството и семејството. Но, ова семејство го спасило 5-годишник.
Ноа Вудс спиел во собата што ја дели со својата 2-годишна сестра кога избувнал пожар во близина на неговиот кревет предизвикан од дефект на електроника. Ноа, скокнал од креветот, ја земал својата сестра и и’ помогнал да излезе низ прозорецот, а во исто време го извел и семејното куче.
Потоа се стрчал кон соседната куќа каде што живеел неговиот чичко и заедно со него ги спасил другите членови на семејството од куќата во пламен.
„Не знаев од каде потекнува пламенот“, рекол Ноа, „Ја земав Лили, ја доведов до прозорецот, го доведов кучето и потоа излегов“.
Семејството и пожарникарите се свесни дека реакцијата на Ное им го спасила животот. Ако не го забележал пламенот на време, кој знае што би се случило.


Our hero! 5 year old Noah Woods recently woke up to find his bedroom on fire. The only available exit was a window. He…

Gepostet von Bartow County Fire Department am Dienstag, 11. Februar 2020


Ноа добил голема пофалба од противпожарната станица: „5-годишниот Ноа Вудс неодамна се разбудил и забележал дека неговата соба гори. Тој веднаш ја земал својата 2-годишна сестра и со неа излегол прозорецот и се вратил во куќата за да ги предупредува другите членови на семејството “.

Ноа и другите четири членови на семејството се здобиле со полесни повреди и вдишале чад. Ное ќе добие специјална награда за храброст.
Дедото на Ноа плачел кога зборувал за настанот: „Да не беше за Ноа, тогаш не би… Мислам, сите спиевме, не знаевме што се случува. Можевме да ги загубиме животите“.
Семејството, за жал, немало осигурување на куќата, така што немаат средства да го санираат изгорениот семеен дом. Куќата е уништена и ќе бидат потребни многу пари за да повторно може да се живее во неа. Семејството во моментот прима какви било донации а сите 9. члена мора да спијат во мотел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …