(ВИДЕО+ФОТО) МАЛКУ МУ СЕ ДВЕ СОПРУГИ – ЖЕНА СО СИНОТ НЕПОКАНЕТА И ВИКАЈЌИ УПАДНАЛА НА СВАДБА! Кога сватовите слушнале младоженецот завршил со МОДРИНКИ И ИСПОКИНАТ!

Бесна толпа избрка еден младоженец од Пакистан од неговата свадба откако се појавила неговата прва сопруга и ја известила новата невеста дека веќе е во брак, не со една, туку со две жени.
Толпата го туркала и го удирала Асиф Рафик Сидикиј (30), му ги искинале кошулата и пантолоните, а тој на крајот се скрил под автобусот. Асифа бил спасен прво од полицијата, а потоа и од група случајни минувачи, известуваат медиумите, додавајќи дека полигамијата во Пакистан е легална.


Gepostet von Sumair Gaddi Rajput am Montag, 10. Februar 2020


Меѓутоа, иако мажот може да има дури четири сопруги, тој мора да добие согласност од претходните жени пред повторно да се ожени. Се чини дека Асиф не го исполнил тој клучен услов откако неговата нова невеста и нејзиното семејство прв пат слушнале за тоа кога неговата лута сопруга се појавила во салата за банкети во Карачи.
„Што не е во ред, сестра?“, се слуша еден од роднините во салата.
Сопругата Мадиха Сидики, која се појавила на свадбата со својот син, не го трошела времето да објаснува за што станува збор.
„Тој е мојот сопруг и татко на ова дете. Тој ми рече дека ќе оди во Хајдерабад три дена“, рекла Мадиха.
Семејството потоа се обидело да ја внесе во соседната соба, што и дало дополнителна можност да ги докаже нејзините тврдења.


Gepostet von Sumair Gaddi Rajput am Montag, 10. Februar 2020

„Ова е мојата свекрва а ова е мојата снаа, која рече дека нејзината мајка е болна три дена и примала инфузија“, рекла Мадиха, покажувајќи со прстот кон некои од гостите на свадбата, пред да и се обрати на самата невеста.
“Дали ти знаеш дека тој е мојот сопруг? Тој дури и не размислувал за ова невино дете”.
Мадиха рекла дека во 2016. година се омажила за Асиф, откако се запознале на Федералниот Урду универзитет во Карачи, каде што работел. Потоа открила дека тој тајно се оженил со друга жена, Зехра Ашраф, наставничка на Женскиот универзитет Џинах во Карачи во 2018 година. Мадиха за тој брак дознала од пораките што Зехра му ги испраќала.
Мадиха рекла дека Асиф првично негирал дека има втора сопруга, но подоцна признал. Токму Зехра била таа која ја известила Мадиха за неговата трета венчавка, што ја налутило и дошла на свадбата.

Не е јасно што се случило следно. Полицијата, која дошла на местото на настанот, изјавила дека роднините на невестата го нападнале Асиф, му ја искинале облеката и го претепале толку многу што сиот бил модар. Асиф бил спасен од полицијата која го одвела во блиската станица, но роднините на невестата го следеле и чекале да излезе.
Тие се фрлија кон него веднаш штом се појавил, поради што избегал под автобус. На снимката од инцидентот се слуша дека сму е закануваат да излезе или „ќе го запалат автобусот“, додека исплашениот Асиф извикува: „За една минута, за една минута“.


Додека се подготвувал да излезе, случајни минувачи интервенирале за да спречат понатамошно насилство. Рао Назим, началник на полициската станица Таимури, изјавил дека сè уште не е поднесена формална жалба.
„Ова е семејна работа и жалбите одат на семејниот суд за да се реши случајот“, додал тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …