(ФОТО) Мајка во шок кога видела што и облекол сопругот на тригодишната ќерка ЗА ВО ГРАДИНКА!

Алисиа Фриедлендер од Балтимор се шокирала кога видела како нејзиниот сопруг Бред ја облекол нивната тригодишна ќерка за градинка. Имено, таткото на девојчето и облекол само маичка и гаќички а на панталончињата заборавил.

„Барем нешто и облеков“, и одговорил Бред на пораката на Алисиа која му ја испратила откако пријателката и јавила како Бруклин пристигнала во градинка.
Во пораката Бред објаснил дека малечката самата му рекла дека тоа се панталони. И покрај тоа што биле во фиоката со долна облека, таткото и поверувал на ќерката.

„Морав порано да одам на работа поради што сопругот беше задолжен за спремање на децата во градинка. Очигледно дека мојата ќерка одлучила тој ден да носи долна облека, и тоа не било каква туку онаа за одвикнување од пелени. На мојот сопруг му рекла дека се куси панталони. Со оглед на тоа колку се смеела кога ја прашав зошто така му рекла на татко и, доста сум сигурна дека знаела дека тоа не се куси панталони“, раскажала Алисиа.
„Ако ништо друго, сопругот барем се сетил да им ги измие забите и исчисти ушите“, порачала мајката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …