(ВИДЕО+ФОТО) МИЛИЈАРДЕРОТ ПЕДОФИЛ ВАЛКАНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ГИ ИЗВРШУВАЛ ВО ЛУКСУЗНА ЗГРАДА НА МЕНХЕТН: Богати клиенти ги посетувале малолетните манекенки, а чест гостин бил и еден бивш премиер…

Пред продолжениот престој во затворот во Њујорк, сексуалниот престапник Jефри Епштајн уживал во некои од најексклузивните недвижнини на Америка. Неговите вили, ранчеви и приватниот остров се широко распространети, но она што малку се знае е дека осудениот педофил со децении мистериозната работа ја извршувал во станбена зграда на Втората авенија во Менхетен.
Луксузната зграда е во сопственост на братот на милијардерот Марк Епштајн а еден од најчестите гости бил поранешниот израелски премиер и министер за одбрана, Ехуд Барак, пренесува Business Insider.
Според извештаите на имотот и судството, Епштајн ги сместувал девојчињата, соработниците и вработените во некои од 200-те станови од зградата на 66-та улица. Зградата на хартија и припаѓа на фирмата на неговиот брат, но извештаите покажуваат дека Епштајн имал контрола над тоа.

Некои од активностите на зградата се поврзани со работите на богатиот финансиер, но таа бил и дом на неговиот поранешен деловен партнер, Жан-Лук Брунел, основач на модната агенција MC2.
Во неколку станови биле сместени четири малолетни манекенки, претежно од странство. Поранешната секретарка на агенцијата изјавила дека нејзината работа била исто така да се добијат визи за моделите и дека се сеќава на лутиот испад на Епштајн кога една од девојките, 14-годишната Надија Марчинкова, не добила виза.


Во полицискиот извештај од 2006. година, кога Епштајн првично бил осуден за сексуална злоупотреба и трговија со малолетни лица, ја наведува Надија Марчинкова како една од неговите жртви. До судењето, таа имала 22 години и работела како помошник на Епштајн.
Таа, заедно со уште три девојчиња, добила имунитет за евентуално соучесништво во контроверзното спогодување на Епштајн, во замена за само 13. месеци затвор.

Марчинкова, Сара Келен, Адријана Рос и Лесли Гроф, четири девојчиња за кои се верува дека учествувале во операцијата за сексуални робови на Епштајн, делеле уште нешто друго – адреса на 66-та улица. На таа адреса, адвокатот на Епштајн, Дерен Индике живеел повеќе од една деценија.
Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак не бил сликан пред оваа зграда како пред личната резиденција на Епштајн, но сепак не успеал да ги скрие посетите. Соседите велат дека, со години, тој периодично ја посетувал зградата.


Поранешни жители рекле дека еден од телохранителите на Барак останувал во ходникот додека тој е во еден од становите, како и дека последен пат во зградата бил виден на почетокот од годинава.

Екран.мк/Biznis Insajder
Фото: Printscreen/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …