(ФОТО) Се снима римејк на најомилениот филм на сите времиња

Од „Дизни“ потврдиле дека работат на нови верзии на популарните детски филмови од каталогот на Фокс, кои неодамна ги презеле. Меѓу нив се „Ноќ во музејот“, „Дневникот на Грег“, „Попуст на количество“ и, на радост на бројните обожаватели „Сам дома“, приказна која во 1990. година го вивна Меколи Калкин во ѕвездите и станал најпознат празничен филм на сите времиња.

Претседателот на управата на „Дизни“, Боб Игер, најавил дека новите верзии на детските класици се наменети првенствено на сервисот на Дизни+, кој првата година ќе ја заклучи со повеќе од 400. филмови и 7.500 епизоди од серии во понудата. Веќе порано е најавено дека станува збор за римејк на анимираниот класик „Дама и сктиница“, на која гласовите ќе ги позајмат Теса Томсон и Џастин Тиеро, пишува The Independent.

Филмот „Сам дома“ во кината тргнал кон крајот на 1990. година и станал еден од најисплатливите и најомилените филмови на сите времиња. Снимен со буџет од 18. милиони долари во режија на Крис Колумбус, заработил повеќе од 476. милиони долари додека вториот дел, снимен две години подоцна, заработил респектабилни 359. милиони долари.

Скриншот: YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …