(ФОТО) Мајка „лавица“ втрчала во огнена стихија да си ја спаси ќерката!

Откако во својата куќа забележала огин и густ дим, Ангел прво ги извадила двете малечки деца па се вратила по ќерката. Завршила во болница со изгореници од трет степен
Кога ги отворила очите, после сонот, Ангел Фиорини, мајка на три деца, забележала дека не може нормално да дише. Не минало долго кога сфатила дека куќата и гори. За да ги спаси своите деца, бил подготвена да го даде својот живот.
Прво што направила ги грабнала двете најмлади деца, Вини и Росали и со нив истрчала надвор.Но, нејзината најстара ќерка останала заробена во куќата.
„Веднаш потрчав по Џана. Ниту момент не се двоумев – сакав да ја спасам без оглед на се. Мислам дека ми удри адреналинот и не се плашев“ раскажала Ангел за Daily Mail.
Нејзината куќа во Вашингтон ја погодил огромен пламен па морала да се спушти на стомак и да ползи до спалната соба на својата ќерка. Џана цело време ја довикувала својата мајка.
„Ја повлеков на подот и влечев со себе додека излегував од собта, па преку ходникот додека не дојдовме до влезната врата. Беше многу тешко, но сакав да ја заштитам колку повеќе можев“ рекла Ангел.
За среќа нејзиниот сосед, пожарникар во пензија штом го забележал пламенот дотрчал да помогне. Го пронашол синот Вини како се обидува да се врати во куќата со цел да ја најде мајка си, но го повлекол назад.
Соседот Мет Барсон потоа влегол во куќата и ги пронашол Ангел и Џана како лежат на подот блиску до влезната врата. Рекол дека била голема среќа што мајката ја извлекла ќерката од собата која во тој момент била „проголтана“ од пламенот.
Кога дошле во болница, Ангел имала 43 отсто изгореници од трет степен по телото. Грбот, рацете, дланките и вратот биле потполно изгорени. Неколку дена дишела со помош на апарати, а телото почнало да и се опоравува.
Ќерката Џана била во другата соба, а нејзините изгореници биле помалку опасни. Докторите и рекле дека би била во многу полоша состојба доколку мајката не ја заштитила со своето тело од пламенот. Опоравувањето во почетокот било успешно, но потоа Ангел добил бактериско воспалување на плуќата и почнале да и откажуваат органите поради што докторите десет дена ја ставиле во индуцирана кома.
Но, опоравувањето се покажало успешно, а Ангел била и на три операции на преадување кожа. Пет недели после пожарот била пуштена дома. После една година потполно се опоравила.
Семејство кое не го познавале им донирало мобилна куќичка, а и од други добиле вредни подароци кои им помогнале да „застанат на нозе“. Причината за пожарот била непозната, но Ангел верува дека причина би можел да биде еден од радијаторите во собата за коиј верува дека не бил исправен.
Целата приказна завршила среќно – Ангел и нејзиниот, до тогаш невенчан партнер (и татко на нејзините деца) конечно добиле и своја убава венчавка после 15. години врска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …