(ВИДЕО) Дедо Мраз дојде во Лапонија:„Небото ги менуваше боите а потоа одеднаш се слушна – бум!“


Атле Стаалесен, новинар на весникот „Barents Observer“, во Лапонија, регионот на Дедо Мраз, сведочел на необична појава. Тој тврди дека видел огромна огнене топка, која е најверојатно метеор…
„Возејќи се во темница не гледавме многу пред нас, само колку да можеме да возиме“ ја започнува својата приказна Атле Стаалесен, кој сведочел на необична природна појава во Инарија, на северот на Финска. Имено, Стаалесен бил во друштво на пријатели кога пред нив „небото екслподирало“.
„Небото почна да ги менува боите. Имаше црвена и сина, а одеднаш – бум! Огромна огнена топка се’ осветли. Никогаш порано немам видено нешто слично“ продолжува Стаалесен, новинар на норвешкиот весник „Barents Observer“.
Тој тврди дека го запрел автомобилот за да подобро види за што станува збор, но набргу повторно настанал молк и темница, без мирис и звук.


Стаалесан се запрашал – што би можело тоа да биде: Метеор? Или можеби неуспешна руска или финска ракета? Финците моментално одржувале воени вежби во Лапонија, на северот на земјата, но оружје било испробувано и во Рованиеи, град кој од Инарија бил оддалечен околу 300. километри.
По доаѓањето дома, Сталесен открил дека огромни огнени топки се видени и во норвешкиот град Тромс и областа Финмарк. Останатите сведоци во Лапонија рекле дека слушнале силни удари проследени со јако светло.
Јурки Манинен, инженер по физика од универзитетот во Олуу и стручњак за вселена, смета дека објектот кој паднал од небото е најверојатно метеор. Својата теорија ја темели на снимките кои ја уловиле светлината…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …