(ФОТО) Љубовта пресудила: Клои се’ простила: За измамата ги обвинила алкохолот и девојките кои го опседнуваат!

И’ покрај измамата, Клои Кардашијан му дозволила на Тристан Томпсон да присуствува на раѓањето на нивната ќерка, а се чини и’ дека решила се’ да остави зад нив…
Иако првично се појавиле информации дека Клои Кардашијн родила порано поради стресот кој следел откако ги видела снимките на кои нејзиниот партнер Тристан Томсон е близок со друга девојка, магазинот People сега пишува дека реалната ѕвезда му простила на кошаркарот. Имено, првичното лутење ги замениле среќа и љубов кон новородената ќеркичка.


„Клои моментално не чувствува ништо друго освен среќа. Толку е среќна што конечно го има своето бебе покрај себе, што е здраво и убаво, што ништо друго не ја загрижува.Воопшто не се лути на Тристан“ тврди изворот.
И’ покрај се’ што се случувало со Тристан овие денови славната Кардашијанка одлучила да се концентрира на мајчинството и да ужива во секој момент со својата ќерка. Наводно, на кошаркарот се’ му простила, а за снимките кои се појавиле ги обвинила алкохолот и девојките кои го
опседнуваат.
„Клои е конечно исполнета со мир и љубов, а однесувањето на Тристан го коментирала помалку како зимама а повеќе како пијано дружење кое не довело до ништо друго а било вина на оние кои намерно се обидувале да го уловат во нешто такво“ објаснил изворот.
На Клои ова и е прво дете, а Тристан веќе го има синот Принс со бившата партнерка Џордан Крег.
Кошаркарот присуствувал на раѓањето на детето кое го чекал со Клои, а покрај неа биле и сестрите Ким и Кортни, како и мајката Крис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …