(ФОТО) Лекари во Тузла со алкохол лекуваат малечки тумори на црниот дроб: Без класична операција!

Лекари во Универзитетскиот клинички центар во Тузла се единствени во Босна кои успешно изведуваат метода на лекување на тумори на црниот дроб со етанолошка амбалација која подразбира одредено количество алкохол, под контрола на ултразвук директно да се вшприца во туморот…

Во УКЦ во Тузла, БИХ, нова метода за третман на малечки тумори на црниот дроб без изведување оперативни зафати станала рутинска пракса. Се работи за т.н. етанолска амбалација на туморот на црниот дроб при која директно во туморот под контрола на ултразвук се вбризгува одредена количина на 96% апсолутен алкохол.Третманот се изведува со локална анестезија и траел околу 20. минути. За потполно излекување на овие малечки тумори биле потребни, во просек, од два до шест третмани.
По овој вид третман, доаѓа до изумирање на клетките на туморот, како и малиот дел од здравото ткиво, кое се наоѓало околу туморот. Со овој зафат туморот станува целосно уништен и се заменува со друго ткиво.
„Зафатот трае дваесетина минути, додека пациентот веќе следниот ден може да оди дома. Исто така, добра работа кај овој зафат е тоа што може да се повторува се додека туморот во целост не биде отстранет“, вели доктор Нермин Салкиќ.



Според зборовите на професорот Нермин Салкиќ, овој вид на метода која е можно да се примени само на одередена група на пациенти, овозможува целосно излекување или значаен продолжеток на животот на пациентот за неколку години.
До сега праксата покажала успех кај многу пациенти но не се третираат оние, кои имале тумори на црниот дроб но било воочено дека имаат метастаза на истиот, па не биле погодни за оперативен третман, и морале да одат надвор од земјата.
Од УКЦ Тузла известуваат дека им доаѓаат многу пациенти од регионот но дека не можат да им излезат во пресрет на сите што пред се зависи од степенот на заболување на црниот дроб, односно биле развиени метастази.



Во тимот кој направил ваква процедура учествувале академик проф. др. специјалист Енфер Зерем, проф. др. специјалист Нермин Салкиќ, дипломираните медицински сестри Бахрија Харачиќ и Фирдеуса Исаковиќ од Одделението за гастроентерологија и хепатологија при Килината за интерни заболувања, додека од Клиниката за анестезиологија и реаниматологија учествувале др. Халид Махмутович, Џенита Мешиќ, како и медицинскиот техничар Адис Кавгиќ.
Инаку овој систем на лекување првпат бил применет во 1983. година во Јапонија каде и ден денес успешно се изведува.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …