(ФОТО) Кристл од „Династија“ едвај се бранела од мажите, а потоа, поради несигурност, депресија и дрога, го допрела дното

Линда Еванс, актерката најпозната по улогата на Кристл Карингтон во серијата „Династија“, неодамна го прослави својот 78-ми роденден далеку од сјајот и луксузот со кој некогаш беше опкружена.
Бројни обожаватели тешко дека би можеле да ја препознаат.
Во средината на 1980-тите, благодарение на улогата на Кристл Карингтон во серијата „Династија“, таа беше една од најголемите икони на поп-културата. Патем, дури и пред „Династија“, таа беше позната телевизиска актерка. Назад во средината на шеесеттите години, таа глумеше во хит серијата „Големата долина“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)


Првиот пат освоила Еми во 1969. година, а вториот пат во 1981. година кога започнал нејзиниот подем. Сепак, не само позитивните и убавите работи ја одбележаа кариерата и приватниот живот на Линда Еванс.
По „Династија“, Линда никогаш не успеа да повтори ваков успех и ниту една од нејзините улоги немаше таков ефект како улогата на Кристл Карингтон. И’ покрај фактот дека нејзината кариера опадна по „Династија“, медиумите продолжија со голем интерес да го следат нејзиниот љубовен живот.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Еванс беше во брак шест години со продуцентот Џон Дерек, кој ја остави поради актерката Мари Кејтлин Колинс, која самошто наполнила 18. години и која го сменила своето име во Бо Дерек откако се омажила за Џон. Тоа целосно ја уништило Линда и таа го признала тоа еднаш во интервјуто кое и го дала на Опра Винфри.
„Го чувствував холивудскиот терор на младоста и убавината на мојата кожа. Во тоа време имав 28. години, но се чини дека бев премногу стара за Џон. После тоа, секогаш имав впечаток дека не сум доволно добра и дека треба да поправам нешто на мојот изглед што е можно побрзо”, рекла Линда.
Таа признала дека паднала во депресија поради целата ситуација. Од 1989. до 1998. година таа беше во врска со музичарот Јани, но ниту тоа не и помогна да излезе од депресија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Тогаш започнале нејзините први посети на естетски хирурзи, и колку повеќе време одминувало и стареела, толку почести биле посетите на тие хирурзи.
Кога новиот изглед не можел повеќе да ја усреќи, посегнала по дрогата и пред неколку години се појави на насловните страници на списанијата кога беше уапсена за возење под дејство на опијати.
Беше тоа пред шест години и тогаш полицијата пронајде поголемо количество апчиња во нејзиниот автомобил за кои таа немала рецепт.


Таа се правдала дека ги земала поради болки во грбот, иако се чини дека апчињата имале многу ефективно влијание врз неа, со оглед на тоа што на полицаецот му дала кредитна картичка наместо возачка дозвола.
На крајот Еванс беше осудена на условна казна, а таблетите и беа одземени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …