Манекенката Криси Тајген се врати на социјалните мрежи две недели по спонтаниот абортус.
Криси ја коментираше објавата на Инстаграм профилот на Betches, кој објавува смешна содржина од разни социјални мрежи.
„Само што резервирав термин за депилација на веѓите и возбудена сум што носам маска за да не морам да слушам ‘ и мустаќите исто така?“, е текстот на фотографијата што ја објавиле на страницата.
https://www.instagram.com/p/CGKtNTnBd53/?utm_source=ig_embed
“Конечно се насмеав. Ви благодарам”, прокоментирала Криси.
Бројни следбеници изразиле сочувство и поддршка во коментарите.
За потсетување, Криси заврши во болница пред две недели поради крварење во петтиот месец од бременоста. По два дена, таа на својот Инстаграм објави дека лекарите не се во можност да го запрат крварењето и дека го изгубила бебето.
“Доаѓање од болница дома без бебе. Како може ова да биде реално?” таа подоцна напишала на Твитер и повеќе не се огласувала на социјалните мрежи.
https://twitter.com/chrissyteigen/status/1311523032289091584
Нејзината мајка Вилајлук Тајген објави фотографии и видеа од болницата во кои се збогува со мртвороденчето.
Инаку, Криси претходно откри дека нејзината трета бременост е непланирана и дека мислела дека не може да забремени природно бидејќи нејзините други две деца биле зачнати со помош на потпомогнато оплодување.
https://www.instagram.com/p/CDOzFSnp_Nm/?utm_source=ig_embed