МОМЧЕ ЗА ПРИМЕР – ПРВ СВЕТЕЦ СО ПРОФИЛ НА ФЕЈСБУК: Момче од Милано, кој починал на 15. години, прогласен за светец во Ватикан – го викаат Божји инфлуенсер

Карло Акутис, кој починал од леукемија кога имал 15. години, во 2006. година, бил длабоко религиозен љубител на компјутерски науки од Милано, а самошто во Ватикан беше прогласен за локален светец.
Карло бил обично момче, но со своето знаење им помагал на епархиите да создадат свои веб-страници, потоа создал интернет-изложба за верски чуда од целиот свет, додека ноќе посетувал бездомници, секој ден одел на миса а џепарлакот го дарувал на католичките добротворни организации


Тој е првиот миленијалец што е прогласен за светец, наречен „Божји инфлуенсер“ (Божји влијателен) а неговото тело е зачувано и презентирано на јавноста. Карло е и првиот светец кој има профил на Фејсбук, преку кој ја ширел својата длабока вера, пренесува Кориере.
Отсега па натаму, секоја година на 12 октомври во Ватикан ќе се служи комеморативна миса во негово сеќавање.



Во 2019. година, папата Фрањо го пофали како пример за младите генерации на дигиталното време, на кои им се заканува стапицата „да бидат преокупирани со самите себе“, како и опасноста од „изолација и залудно задоволство“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …