(ФОТО) КРАЛИЦА – ДЕВОЈКА ВО БЕЛГРАД СТАВИЛА ОГЛАС НА БАНДЕРА: Милица (25) решила да си најде момче, има само НЕКОЛКУ УСЛОВИ 

Девојката решила да ги земе работите во свои раце и да побара партнер на најнеобичен начин.
„Искрена, скромна девојка, здрава, образована и остварена,од 25. години, со пријатен изглед, бара момче на слична возраст кој сака да биде сопруг и татко и да го помине животот со лојална личност која е подготвена да биде најдобар пријател и поддршка и во најтешките моменти во животот“, стои на почетокот на огласот залепен на бандера во кој белграѓанката Милица бара сопруг.

Огласот предизвикал бура на мрежите
Во тој оглас Милица убаво напишала што сака и нагласила дека не и е важен ниту физичкиот изглед, ниту финансиската состојба на младоженецот, туку вистинските вредности на кои треба да почива бракот и семејството.
Дополнително, Милица ги воодушевила прво белграѓани, а потоа и остатокот од Србија, бидејќи огласот го испечатила, а не го објавила на мрежите. Сепак, иако тоа не и била намерата, многу брзо завршила на социјалните мрежи, каде почнал да се споделува и коментира нејзината објава од бандерата.


Милица додава дека и е важно кандидатот да биде чесен, вреден, зрел и стабилен маж кој сака семејство. Покрај тоа, Милица бара некој кој е „во контакт со нејзините чувства“.
„Животот е краток, не ја пропуштајте шансата да ја запознаете личноста за која можеби сонувате, ако ВИ е доста нечесни, незрели девојки, спонзоруши, оние кои не знаат што сакаат…“, пишува Милица и ги поканува момците да ѝ се јават на е-пошта, стои во огласот, заедно со задолжителното мотивационо писмо во кое додворувачите треба да наведат зошто заслужуваат шанса да излезат со оваа Белграѓанка.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …