Како да препознаете ЛАЖНИ ЕМОЦИИ? Знаци дека не е се’ како што изгледа!

Луѓето лажираат емоции затоа што сакаат да создадат искривен и лажен впечаток кај соговорникот. Кога човек покажува лажни емоции, тој доживува едно нешто во душата, но на површина – преку лицето и зборовите, покажува друго.
Овој израз се нарекува „површинска игра“, а емоциите кои најчесто се кријат се гнев и разочарување. Тоа е моментот кога на лицето се појавува насмевка, а душата се нервира. Истражувањата покажуваат дека 75 /% од интеракциите на работа вклучуваат претворање и прикажување лажни емоции.

Индикатори на лажни емоции
Професорката по психологија Сузан Краус Витборн истакнува 5 знаци со кои можеме да препознаеме дека личноста покажува лажни емоции:


Емоциите не одговараат на ситуацијата
Личноста ви се смешка, иако сте направиле нешто непријатно или сте ја покажале својата моќ. Реалноста е дека негативните чувства би биле соодветни, но тие не се на површината.

Се чувствувате непријатно
Кога се прикажуваат лажни емоции, тоа генерално не е природна ситуација. Луѓето не се толку неверојатни актери, тие често претеруваат. Тогаш се чувствувате непријатно покрај нив.


Има знаци на напнатост
Се чувствува тензија во гласот, изразите на лицето, држењето на телото. Обидувајќи се да го прикријат стравот или гневот, луѓето можат да се препуштат на невербални реакции.

Емоциите влијаат на физичката состојба
Гласот е малку спуштен, држењето е напнато, усните се стегнати и се избегнува контакт со очите.
Личноста прекинува и паузира во комуникацијата – Кога ќе почувствува дека повеќе не може да ги контролира своите емоции, личноста паузира во комуникацијата или ја прекинува за да не му излезат чувствата и да не се откријат.
Потиснувањето на емоциите може да има негативно влијание врз менталното и физичкото здравје, па затоа најдобро е да се соочите со вашите чувства, да станете свесни за нив и да ги ослободите доколку се негативни. Доколку имате проблем со изразување на емоции, тогаш може да ви помогне консултација со стручно лице во форма на психолог или психотерапевт.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …