Раководството на театарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанецот Сергеј Полунин, кој има три тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат дека ова го решиле поради политичка и морална одговорност.
Тие истакнаа дека се на страната на Украина и дека биле домаќини на голем број руски уметници и групата Pussy Riot. Ројтерс објави дека балетската претстава „Rasputin – Dance Drama“ првично требаше да се изведе во 2019 година, но е одложена.
Сергеј е поранешен директор на Кралската опера во Лондон. Роден е во Украина, а руско државјанство добил во 2018 година. Овој септември тој изведе танц во воена униформа за паднатите руски војници во Узбекистан. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека тој отстапил од договорената програма.